ПОЧЕТНА
ДОМЕНИ
ПРАШАЊА
ПРАВИЛА
ЗА НАС
КОНТАКТ
    Тука може да се прочитаат одговори на најчесто поставувани прашања. На тој начин им излегуваме во пресрет на сите заинтересирани уште веднаш да се запознаат со она што е меѓу најбитното во врска со услугите кои ги нудиме. Според тоа, препорачливо е секој од вас да го прочита подолунаведеното пред да контактира со нас.
    - Каква е гаранцијата дека сте сериозни во работата и дека ќе ја добијам квалитетно услугата за која ќе платам?
    - Како може да извршам уплата кај вас?
    - Како се плаќаат вашите пакети за хостирање, месечно или годишно?
    - За колку време мојата веб страница ќе профункционира на вашите сервери?
    - Дaли може кај вас да купам само пакет за хостирање и да го префрлам доменот кој веќе го имам?
    - Може ли кај вас додатно да купам дополнителен простор на серверот, месечен трансфер и останато?
    - Дали може кај вас да купам само домен, без пакет за хостирање?
    - Зошто ги потенцирате вашите ПРАВИЛА И УСЛОВИ за користење на услугите кои ги нудите?
    - Имам прашање, чиј одговор не е содржан на вашата веб страница. Како да ви се обратам?
    Прашање:
    - Каква е гаранцијата дека сте сериозни во работата и дека ќе ја добијам квалитетно услугата за која ќе платам?
    Oдговор:
    - Во изборникот ЗА НАС ние јавно кажуваме каде се наоѓа нашата локација, така што секој може и лично да дојде кај нас. Освен тоа, нам ни е најбитно нашите клиенти да бидат задоволни од услугите кои им ги даваме. Со повеќегодишното искуство кое го имаме во оваа дејност и со максимално професионалниот однос кон работата придонесуваме постојано да се зголемува бројот на задоволни клиенти, кои хостираат и регистрираат веб страници кај нас. Се разбира, свој удел во тоа имаат и нашите брзи, стабилни и во секој поглед квалитетни сервери.
горе
    Прашање:
    - Како може да извршам уплата кај вас?
    Oдговор:
    - Ние имаме интегрирано плаќање преку Интернет со PayPal. Доколку не сте во можност да платите на тој начин, уплата може да извршите во денарска противвредност на нашата сметка, која веднаш ќе Ви ја испратиме ако го побарате тоа од нас.
горе
    Прашање:
    - Како се плаќаат вашите пакети за хостирање, месечно или годишно?
    Oдговор:
    - Нашите пакети за хостирање се плаќаат годишно, односно за период од 12 месеци.
горе
    Прашање:
    - За колку време мојата веб страница ќе профункционира на вашите сервери?
    Oдговор:
    - Откако ќе ја добиеме уплатата од Вас, ќе ги извршиме потребните сетирања и Вашата веб страница на нашите сервери ќе профункционира веднаш.
горе
    Прашање:
    - Дaли може кај вас да купам само пакет за хостирање и да го префрлам доменот кој веќе го имам?
    Oдговор:
    - Секако, преносот (трансферот) на Вашиот домен кај нас е лесно остварлив.
горе
    Прашање:
    - Може ли кај вас додатно да купам дополнителен простор на серверот, месечен трансфер и останато?
    Oдговор:
    - Сите додатни услуги кои ги овозможуваме во врска со хостирањето и регистрацијата на домени може дополнително да ги нарачате колку и кога сакате, а за тоа контактирајте со нас преку e-mail или телефон.
горе
    Прашање:
    - Дали може кај вас да купам само домен, без пакет за хостирање?
    Oдговор:
    - Се разбира, кај нас и таа опција е можна.
горе
    Прашање:
    - Зошто ги потенцирате вашите ПРАВИЛА И УСЛОВИ за користење на услугите кои ги нудите?
    Oдговор:
    - Со цел да ја задржиме максималната функционалност на серверите и на нашите ценети клиенти да им овозможиме услуги со висок квалитет, пропишавме ПРАВИЛА И УСЛОВИ. Во нив прецизно е објаснето што е, а што не е дозволено да се хостира кај нас, кои битни фактори треба да ги почитува секој од клиентите за да не се доведе во ситуација да му биде суспендиран/исклучен пакетот за хостирање, како и други важни поединости. Затоа потребно е внимателно да ги прочитате правилата и условите пред да купите пакет за хостирање, бидејќи потоа ќе немате право на изговор дека не сте се запознале со нив. За да ги прочитате, повелете, кликнете на изборникот ПРАВИЛА.
горе
    Прашање:
    - Имам прашање, чиј одговор не е содржан на вашата веб страница. Како да ви се обратам?
    Oдговор:
    - Во тој случај, чувствувајте се слободни да контактирате со нас и одете на изборникот КОНТАКТ или едноставно кликнете тука.
горе
©  BigBigHost.com - Сите права задржани